Групата “Пчелки” од објект Први стапки, учествуваа во проектот “Спорт за сите - запознавање со групни спортови”, на педагогот по физичко, и се запознаа со ракометот како групен спорт. Бевме гости на “Школо за ракомет ТОПКА” од проектот ”Ракомет за секое дете” каде тренерот Благојче Васиќ ги запозна со основните правила и движења како и со водење и подавање на топка.
Голема благодарност до тренерот Благојче Васиќ и до координаторот на школото Горан Ѓоргоноски.













