Здружението на просветни работници на Град Скопје на ден 19.10.2022 год. ја одржа манифестацијата „Просветен работник на годината на Град Скопје“ за учебната 2021-2022 год.
За Просвете работник во предучилишно образование е прогласена Суза Ангелевска која долги години е воспитувач во нашата градинка.
Нејзината посветеност кон работата треба да биде мотив на сите млади генерации, и потик кон поголеми успеси.
Честитки до нашата колешка.





