Skip to main content
Дома
Градинка Орце Николов
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Патуваме во далечниот Египет

Објавено Вто, 12/11/2024 - 11:31AM

Групата Пеперутки од објектот Бисерчиња започна едно посебно и необично патување. Оваа воспитна година тие ќе ја посветат на истражување на далечната и мистериозна земја Египет. Со возбуда и радост, дечињата ги подготвија своите „пасоши“, кои симболично ги користеа за влез во новиот свет на египетската култура и традиција. Секој од нив доби и „виза“. Дечињата удобно се сместија и го следеа замислениот лет на проекторот, „патувајќи“ кон Египет. Тргнаа во авантура полна со учење и откривање, патување кое ќе го збогати нивното знаење и разбирање за светот околу нив, се со цел да се запознаат со една сосема нова култура, нови обичаи и животот на луѓето во Египет.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen