Skip to main content
Дома
Градинка Орце Николов
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Патека од кикиритки

Објавено Сре, 15/03/2023 - 12:05pm

Во рамките на проектот „Книгата – верен пријател“ во групата Ѕвездички, објект Бисерчиња беше организирана презентација на книгата „Патека од кикиритки“ од родител Ана Аврамоска Сиљаноска, автор на книгата. Истовремено ја претстави и книгата „Бои, мои и твои“ од Томе Сиљаноски.
На децата им беше презентирана и книгата „Веселата зграда“ од самиот автор Ана Голејшка- Џикова, како и од родителот Драган Китановски кој ги подготвил илустрациите на книгата.
Децата се запознаа дека книгата има наслов, автор, илустрации и преку активностите ја развиваа креативноста и фантазијата.
Голема благодарност до родителите и гостите.
Воспитувач: Александра Андреевска
Неговател: Зухра Рушити

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen