Децата од група Мечиња, објект Ѕвездички, во рамките на проектот „Светот на птиците“ преку интересни и креативни ликовни техники и математички игри се запознаа со птиците кондор, колибри и ној. Целта е децата да развиваат способности за воочување и споредување на разлики кај предметите, како и способности за самостојно, тандемско и колективно ликовно творење.
Воспитувач: Анкица Крстевска
Неговател: Снежана Миновска















