Skip to main content
Дома
Градинка Орце Николов
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Нашата Еко занимална

Објавено Вто, 22/06/2021 - 2:16pm

Добредојдовте во нашата прва еко занимална, објект Карпош 3. По тој повод денес во посета на градинката беше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој го поздрави создавањето на овој креативен простор на отворено, наменет за децата и воспитниот кадар. Еко занималната е создадена од воспитниот и административниот кадар на нашата градинка но секако со најголема помош на родителите, на кој бескрајно им се заблагодаруваме! Со оваа прва еко занимална нашата градинка придонесува за подигнување на еколошката свест, заштитување како и преработка на природните материјали. Содржината на еко занималната ја сочинуваат клацкалки од еко материјал, клупи за седење, масички за X/O игра и „не лути се човече“, новозасадено зеленило, билки, импровизиран бунар и многубројни други интересни креации.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen