Skip to main content
Дома
Градинка Орце Николов
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Лековити билки и чаеви

Објавено Пет, 15/11/2024 - 1:10pm

Во рамки на проектот „Занимална на отворено“ групата Лавчиња, објект Први стапки, засадија и со тоа ја збогатија нашата еко занимална со миризливи билки, како што се рузмаринот и лавандата. Децата имаа можност да го посетат и „Фестивалот на чај“, каде во соработка со организаторите на фестивалот, преку интересна едукативна презентација се запознаа со моќта на многубројните билки и чаеви, начинот на нивно берење и подготвување на чај. Со голем интерес и воодушевување децата го разгледуваа професионално подготвениот хербариум.
Голема благодарност до организаторите на фестивалот за ова прекрасно доживување.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen